Леганес славеше со 2-1 против Реал Сосиедад во мечот од 22-то коло од Ла Лига благодарение на мајсторскиот слободен удар кој го изведе Оскар во четвртата и последна минута од судиското надополнување.
Домаќините воедно го свртеа мечот „два во еден“, откако Сосиедад поведе со 1-0 преку Исак во 20-тата минута од првото полувреме. Израмнувањето стигна набрзо по стартот на вторито дел, го донесе Омеру, а за победничкиот гол се чекаше буквално до последниот судиски свиреж.
Оскар ја намести топката на околу 25 метри оддалеченост од голот, а неговиот хируршки прецизен удар никако не можеше да го спречи голманот Ремиро.
https://twitter.com/jamietrfc2/status/1223953394009870338