31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Слободен влез на Македонија – Шпанија

Ракометната федерација на Македонија објави дека за натпреварот помеѓу женските сениорски репрезентации на Македонија и Шпанија од квалификациите за ЕП 2024, влезот во салата „Борис Трајковски“ ќе биде слободен.

Првиот собир девојките ќе го имаат задутре, на 25 февруари, а двата натпревари со Шпанија се во Скопје на 29 (четврток) со почеток во 18 часот и вториот во Ланзароте (Шпанија) на 3 март во 17 часот.

По двата меча со фаворитот Шпанија, во април доаѓаат двата меча во кои Македонија е фаворит и треба да потврди пласман на ЕП кое се игра во ноември и декември годинава.

РФМ информира и дека во рамките на ЕХФ неделата и подготовките на машките националните селекции, машката сениорска репрезентација ќе биде гостин на Романија на 15 и 16 март, како подготовка за бараж-натпреварите со Фарски Острови.

- Оглас -

Најнови вести