Слободен влез за децата од Детската лига и училишниот фудбал на мечот Македонија – Белгија!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе овозможи бесплатен влез на источната трибина на Националната арена „Тодор Проески” за сите деца кои учествуваа на финалниот турнир во Детската лига и во проектот за училиштен фудбал „Ајде на фудбал“ на престојниот натпревар меѓу Македонија и Белгија.

Одлуката, на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, доаѓа како признание за трудот и ентузијазмот на повеќе од 2000 деца од 96 екипи што беа дел од финалниот турнир во Детската лига и речиси 1000 деца од основните училишта дел од проектот „Ајде на фудбал”.

Преку оваа иницијатива испраќаме порака за поддршка на младите таленти и уште повеќе да ја поттикнеме љубовта кон фудбалот и ентузијазмот на најмладите за македонските национални селекции.

Источната трибина ќе биде резервирана за сите млади фудбалери, не само како публика, туку како иднината на македонскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести