Ливерпул имаше шест порази во седум меча, а навивачите на актуелниот англиски првак веруваат дека таа очајна епизода е завршена, затоа што во последниот натпревар, Црвените на „Енфилд роуд“ со 2:0 беа подобри од Астон вила. Со тој триумф полека се врати самодовербата во екипата и тоа во вистински момент.
Пред Ливерпул сега се две дерби средби. Најпрво ќе игра на свој терен против Реал Мадрид во Лига на шампиони, а потоа ќе ги чека и дуел против Манчестер сити во Премиер лигата.
„Секој натпревар е посебен тест. Минатата сезона игравме и против Реал и против Сити дома, а сега сме на гости во Манчестер. Реал повеќе ги нема тие повреди што го мачеа. Анчелоти заврши одлична работа и додаде играчи кои го променија тимот. Сити исто така направи свои промени. Ние сме исто така различни. Овие натпревари ќе покажат каде сме во моментов“, објасни Слот.
Тренерот на Ливерпул вели дека сега целиот фокус му е на дуелот против Реал, а дури потоа ќе размислува за пресметката со Сити.
„Не размислувам за натпреварот против Манчестер Сити во недела кога одлучувам за составот на Реал. Имаме неколку дена помеѓу натпреварите. Во вакви циклуси, кога имате само два дена одмор, ситуацијата е понежна, но сега имаме доволно време да се опоравиме“, рече Слот.

                                    