2.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Слот: Добро е што имаме 11 меча без пораз, но тоа не е идеално

Ливерпул нареди три нерешени резултати во домашното првенство, па разликата зад лидерот Арсенал е дури 14 бода. Црвените од „Енфилд роуд“ веруваат дека низата без победа ќе биде прекината денеска, и тоа пред своите навивачи во пресметката против Барнли.

Барнли е на претпоследното место на табелата само со 13 бода и еден од главните кандидати за испаѓање. За разлика од Барнли, според последните направени пресметки на „Опта“, Ливерпул има најголеми шанси на крајот од сезоната да заврши на четвртото место, што ќе значи обезбедување место и во Лигата на шампионите за следната сезона.

Ливерпул има 11 меча без пораз, но тренерот Арне Слот вели дека тоа не е идеално.

„Во идеална ситуација, нашата серија не би била 11 натпревари без пораз, туку 11 победи по ред. Но, од каде што бевме кога примивме четири гола од ПСВ Ајндховен, сега сме на многу подобро место. Секако дека има уште простор за подобрување“, рече Слот, кој потенцира дека борбата за место кое води во Лигата на шампионите ќе биде многу тешка.

„Сè уште има многу за што да се игра во првенството бидејќи знаеме колку е важно за секој клуб, но, секако, и за нашиот клуб да се квалификува во Лигата на шампионите. Пред неколку години тоа не се случи и имаше огромен финансиски импакт. Тоа не е само за нас, туку и за многу клубови. Секако, имаме и за што да се бориме во ФА Купот и во Лигата на шампионите“, додаде Слот.

Според најновите проценки и пресметки, Ливерпул има 42 отсто шанси да заврши на четвртото место на крајот на сезоната. Само 14 отсто се шансите дека ќе биде на третото место на крајот, а петти да завршат е со 17,5 отсто. Само 0,1 отсто шанси се дека Ливерпул ќе биде првак на Англија.

- Оглас -

Најнови вести