Менаџерот Арне Слот е задоволен од формата на Ливерпул, иако не победија на првиот меч во 2026 година, сепак Црвените имаат пет победи и три нерешени резултати во последните осум натпревари во сите натпреварувања и влегуваат во втората половина од сезоната во Премиер лигата како четвртопласирани.
„Реално, постојат два тима кои се доста пред нас. Во моментов не треба да ги гледаме тие два тима“, рече Слот, јасно алудирајќи на лидерот Арсенал и Манчестер сити.
Слот смета дека Ливерпул има проблеми во офанзивниот дел иако летово купија неколку скапи напаѓачи.
„Јасно е дека тешко создаваме доволно шанси со поседот на топката што го имаме. Тоа не е нешто ново за нас оваа сезона. Играчите продолжуваат да се обидуваат, но понекогаш ви треба малку магија за да го отворите натпреварот, или прекин, и ако тоа се случи, тогаш сè изгледа многу подобро“, коментира Холанѓанецот.

