33.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Слот го изгуби трофејот од Комјунити шилд, па ќе го купи капитенот на противникот

Ливерпул имаше непосакуван старт на новата сезона, па трофејот од Комјунити шилд го освои Кристал палас на пенали, но сега Арне Слот подготвува „реванш“.

„Црвените доведоа неколку засилувања ова лето, но немаат намера да застанат тука. Следен кој ќе пристигне на ‘Енфилд роуд’ е Марк Геи, капитенот на Кристал палас. Според Фабрицио Романо, Ливерпул и Геи веќе ги договориле личните услови, а сега останува да се договорат клубовите околу обесштетувањето. Сепак, со оглед дека договорот на дефанзивецот истекува следното лето, нема да претставува голем проблем и тој дел, а според Романо, Ливерпул ќе плати 35 милиони фунти.

Во Ливерпул ќе пристигне уште еден дефанзивец, а се работи за 18-годишниот Џовани Леони од Парма.

- Оглас -

Најнови вести