Денешните резултати на Тотенхем и Ливерпул во Премиер лигата го засилија притисокот од навивачите за промена на менаџерите.
Откако Тотенхем се спасуваше од пораз и ремизираше со Барнли, фановите на лондонските Петли скандираа: „Сакаме да си оди Франк“ и „Утре наутро ќе бидеш отпуштен“, јасно изразувајќи го негодувањето од резултатите во Премиер лигата каде Тотенхем е 14-ти на табелата.
Пред неколку дена Тотенхем ја победи Борусија Дортмунд во ЛШ, тимот има квалитет, но им фали континуитет на добри резултати.
Во Ливерпул заборавија што е тоа победа во Премиер лигата, немаат ниедна во 2026 година, серијата на мечеви е пет без триумф по ред. Црвените се четврти на табелата, но утре може да бидат симнати подолу, а првите три во моментов се далеку пред нив. Првакот не е ни бледа сенка на тоа што го играше минатата сезона, и главен виновник е посочен Арне Слот.
Ако Ливерпул го разреши Слот, има и фаворит за негов наследник, тоа е Чаби Алонсо кој до неодамна го водеше Реал Мадрид, а легенда е и на Ливерпул.

