Слот има „совет за обложвачите“, да не очекуваат дека Ливерпул денеска ќе победи убедливо

Ливерпул е лидер во англиската Премиер лига и многумина очекуваат дека денеска ќе има лесна задача на „Елфилд роуд“ против Ипсвич. Сепак, според тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пресметката против тимот кој е во зоната за испаѓање нема да биде воопшто лесен.

Во првиот дел од сезоната Ливерпул на гости славеше со 2:0, а стратегот на Црвените предупредува дека навивачите не треба да очекуваат лесна победа со многу гоови.

„„Навивачите да не очекуваат драматичен резултат. Знам дека веројатно им е тешко да прифатат, исто како што му е тешко на татко ми. Кога ќе му се јавам после натпревар, понекогаш ми вели дека тој натпревар не бил толку возбудлив како претходниот. Истото ми го кажа пред некој ден по победата над Лил (2:1) во Лигата на шампионите. Морам да му објаснам дека во такви борби е многу лесно да се изгуби ако почнеш да играш ризично. Но, тој не секогаш се согласува со мене. Како менаџер бев задоволен од нашиот настап против Лил бидејќи тоа беше противник кој беше добро организиран. Да, овие ситуации кои тато очекува да ги гледа почесто ги нарекувам глупави претстави“, рече Слот пред мечот со Ипсвич, едноставно најавувајќи дека неговиот тим нема да игра премногу атрактивно да постигнува многу голови.

Слот потенцираше дека Ипсвич во последно време игра добро и дека во неколку ситуации немал среќа за да освои бодови.

- Оглас -

Најнови вести