Слот искрен: Ние имавме повеќе шанси, но Мегваер на крајот можеше да нѐ казни

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го анализираше ремито (2-2) против Манчестер јунајтед во дербито од 20-то коло на Премиер лигата. Тој смета дека неговиот тим имал повеќе шанси во текот на мечот, но на крајот и Хари Мегваер можеше да донесе триумф за ривалот.

„Манчестер јунајтед имаше шанса пред самиот крај и на некој начин се чувствувам олеснет. Во текот на натпреварот создадовме повеќе шанси и имавме подобри можности за победа. Разочаран сум што дозволивме да дојде до таква опасна шанса за Јунајтед на крајот. Реалната проценка на она што се случи ќе ја имам утре“, изјави Арне Слот.

„Потребно е време за да го анализираме натпреварот. Дозволивме многу шанси и примивме два гола. Манчестер јунајтед е тим со големи квалитети и одлични играчи. Ова за нив беше можност да се покажат во добро светло, и тие ја искористија. Имаше периоди во кои Манчестер јунајтед беше притиснат на својата половина. Мислам дека игравме добро во првите 75 минути, контролирајќи ја играта и создавајќи многу можности“, истакна тој.

Мохамед Салах беше стрелец од пенал, а Трент Александер – Арнолд не одигра најдобар натпревар.

„Кога на Салах му е најтешко, тој секогаш успева да покаже колку е квалитетен. Далот му создаваше доста проблеми, но тој успеа да се издигне. Што се однесува до Александер-Арнолд, мислам дека не го одигра својот најдобар натпревар, но тој останува целосно посветен на нашиот тим. Не сметам дека вестите за негов трансфер влијаеја на неговото издание“, заврши менаџерот на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести