Слот јасно порача: „Сакам Салах да остане во Ливерпул!“

Ливерпул го очекува тешко гостување кај Борнмут во Премиер лигата, а неизбежен дел од прес-конференцијата беа прашања за иднината на Мохамед Салах. Арне Слот одговараше на новинарските прашања и јасно порача дека сака репрезентативецот на Египет да остане во Ливерпул.

„Би бил изненаден доколку некој на светов не би сакал да го има Салах во екипата. Игра на високо ниво долг низ на години, па сите го сакаат. Му одеше добро и без моите совети, па верувам дека и сам знае што е најдоброто за него, не му е потребен мој совет. Сакаме да го продолжи договорот, тоа е јасно. Многу паметни работи направи во кариерата, се надевам и сега ќе донесе таква одлука. Разговарам со Ван Дајк, Салах и Александер-Арнолд. Не го правам тоа секој ден како Ричард Хјуз (спортскиот директор на Ливерпул), но разговарам со нив околу иднината.“ – порача Слот.

Договорите на Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд завршуваат на крајот од оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести