Слот: Ливерпул за една седмица ќе одигра три „финалиња“

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тимот го очекуваат три „финалиња“, а првото од нив е саботното соочување против Саутемптон. Тој истакна дека се надева трибините на „Енфилд“ да бидат што погласни за да му помогнат на тимот во оваа клучна фаза од сезоната.

Со победа, Ливерпул ќе ја зголеми предноста на 16 бодови пред Арсенал, иако лондончани ќе имаат два натпревари помалку пред дуелот со Манчестер јунајтед.

„Пред нас е седмица со три финалиња. Сигурен сум дека навивачите се среќни поради тоа. Се надевам дека утре ќе бидат што е можно погласни – не само против Пари Сен Жермен, туку и против Саутемптон. Тие треба да ми помогнат да ги убедам играчите колку се важни овие натпревари“, изјави Слот, кој поради суспензија ќе го следи мечот од трибините.

Ливерпул може да биде без Коди Гакпо, кој се опоравува од повреда на зглобот. Холанѓанецот не играше против ПСЖ, но тимот сепак победи со 0-1. Оваа сезона, тој постигна 16 голови и пет асистенции во 38 натпревари.

„Повредата не е сериозна, но сè уште чувствува болки“, додаде Слот.

- Оглас -

Најнови вести