Слот: Мечот со ПСВ не е важен, но никогаш не е убаво да загубиш

Ливерпул е единствениот тим со перфектни седум победи во седумте меча од групната фаза во Лигата на шампионите. Англискиот првак заедно со Барселона се единствените две екипи коишто имаат сигурен пласман во осминафиналето на елитното натпреварување.

Во последното коло Ливерпул гостува во Ајндховен кај ПСВ. Холандскиот тим има обезбедено место во нокаут-фазата и не може никако да напредува чекор плус. Ливерпул со евентуален пораз максимум може да падне на второто место зад Барселона, но тренерот на Црвеите од „Енфилд роуд“ не планира неговиот тим да загуби.

„Ми беше потребно одредено време за да го разберам новиот формат, но сега сум сигурен дека нема никакво значење дали на крајот ќе завршиме на првото или на второто место. Во секој случај, ќе играме со тим кој е меѓу 14-тото и 17-тото место кога ќе има ждрепка. Нема како да паднеме на третото место, што значи дека овој меч за нас нема значење. Но, еден мудар човек рекол дека нема ништо убаво кога ќе загубиш во фудбал. Затоа нашата цел е да победиме“, рече тренерот на Ливерпул, Арне Слот.

Според најавите, Слот вечерва во стартниот состав веројатно ќе направи комбинација и ќе вметне дел од фудбалерите кои не добиваат многу често шанса да играат од првата минута на мечот.

- Оглас -

Најнови вести