Слот: Не бевме катастрофа, но не сме навикнати да грешиме

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот призна дека не е навикнат да гледа многу грешки на неговите главни играчи во Премиер лигата, откако Црвените загубија од Фулам со 3-2, заврши нивната серија од 26 натпревари без пораз во домашното првенство.

„Тоа не беа 45 минути катастрофа, но грешките што ги направивме не се нешто на што сме навикнати. Тоа е нешто поинаку“, рече Слот и додаде: „Тоа е разочарувачки за сите нас, играчите и навивачите“.

Ливерпул поведе на гостувањето во Лондон, но Фулам постигна три голови во период од 23 до 37 минута. За Ливерпул ова беше прв пораз по повеќе од 45 меча на кои први постигнале погодок.

„Една од причините поради кои сме лидери на табелата е тоа бидејќи не правиме многу грешки. Кога ќе направиме грешка, фудбалерите се обидуваат да ги корегираат. Фулам покажа дека има квалитет да ги казн нашите грешки. Во второто полувреме доминиравме, имавме 25 минути на крајот да постигнеме трет гол, но не успеавме“, потенцираше Слот по вториот пораз на неговиот тим сезонава во првенството.

По 31 кола, Ливерпул уште е убедлив лидер со 73 бодови, дури 11 повеќе од второпласираниот Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести