Англискиот првак Ливерпул сезонава е далеку од трката за да го одбрани тронот во домашното првенство. Ливерпул заостанува дури 16 бодови зад лидерот Арсенал и моментално е на шестото место, кое не носи гаранција ниту за пласман во Лига на шампиони за следната сезона.
И покрај овој слаб биланс, тренерот на Ливерпул, Арне Слот е оптимист дека до крајот на сезоната, неговата екипа ќе има подобри резултати. Тоа што е забележително е дека Ливерпул има најмалку постигнато голови од екипите кои го сочинуваат Топ 5 (Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи и Ливерпул).
Фудбалерите на Ливерпул досега постигнаа само 42 голови, а колку за споредба, играчите на Арсенал и на Манчестер сити беа прецизни по 56 пати сезонава. Тренерот на Црвените Арне Слот имаше објаснување зошто неговите играчи имаат слаба реализација.
„Не е морално да постигнуваме многу голови, затоа што имаме „чисти мрежи“. Во Премиер лигата нема лесни противници, без разлика на која позиција се наоѓа ривалот со кој ќе играте“, вели Слот.
Ливерпул утре на „Енфилд роуд“ ќе игра против Вест хем кој е на 18 место на табелата и е во зоната за испаѓање.

