-1.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Слот: Одбраната на титулата заврши, сега нашата цел е да се пласираме во ЛШ

Ливерпул вечерва ќе се сретне со Арсенал на „Емирати“ со заостанување од 14 поени зад лидерот во Премиер лигата. Менаџерот Арне Слот признава дека шансите за одбрана на титулата се реално мали и дека фокусот сега е на обезбедување пласман во Лигата на шампионите.

„Никогаш не е лесно да се каже дека борбата за титулата е завршена, бидејќи во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи. Но во моментов, најважно е да се концентрираме на Топ 4 или Топ 5, за да се пласираме во Лигата на шампионите, како и на сите други натпреварувања каде можеме да се бориме за трофеј, во Лигата на шампионите и во ФА Купот“, изјави Слот.

Ливерпул е во серија од осум натпревари без пораз, но Слот нагласува дека за одбрана на титулата ќе биде потребно нешто навистина исклучително.

„Не заминуваме на „Емирати“ таму со мисла за титулата, туку со цел да победиме силен противник“, дополни менаџерот на Ливерпул.

На прашањето дали падот во интензитетот е причина за неубедливиот старт на сезоната, Слот одговори: „И да, и не. Понекогаш привидната слабост е резултат на начините на кои противникот се поставува за да нѐ неутрализира.“

„Последните девет натпревари покажаа дека некои дуели, како против Астон Вила и Брајтон, беа најинтересни за гледање. Следниот чекор е да бидеме доволно добри да наметнеме брз стил на игра без разлика на противникот. Сè уште не сме таму, но напредуваме.“

Слот останува оптимист за вториот дел од сезоната.


„Ако сите се во тимот, оваа група играчи е способна за многу повеќе од резултатите што ги покажуваме. Ги победивме Арсенал, Астон Вила, Реал Мадрид, Интер. Сè уште ни недостасува конзистентност, но тимот е талентиран и може да победи секого“, заврши Арне Слот.

- Оглас -

Најнови вести