Слот откри која е тајната да се победи Манчестер сити двапати во една сезона

Ливерпул направи голем чекор кон освојувањето на титулата во Премиер лигата откако со 2:0 го победи Манчестер сити на гостински терен. По оваа победа и по поразот на Арсенал дома од Вест хем, Црвените од „Енфилд роуд“ сега имаат дури 11 бода повеќе од Топчиите.

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, конечно е задоволен и дури ја прифати констатацијата дека неговиот тим е фаворит за освојување на титулата. Слот објасни како неговиот тим успеа да го победи Сити на гостински терен.

„Во првото полувреме тие одиграа многу подобро од нас, но разликата е во тоа што ние постигнавме гол. Имаа неколку шанси и мислев дека Сити ќе успее да постигне гол. Во вториот дел не можам да се сетам дека тие имаа некоја сериозна шанса. Беше идеално, топката ја контролиравме повеќе во нашите нозе. Тоа многу ми се допадна. Единствена шанса да се победи на овој терен против Сити е добро да се браните“, вели Слот, кој е првиот тренер што успеал да го победи Пеп Гвардиола во двата меча во една сезона, и тоа во првиот обид.

Слот стана и само вториот тренер на Ливерпул кој успеал во двете првенствени средби да го победи актуелниот бранител на трофејот, и тоа во првата сезона од работењето. Претходно тоа му услеало само на Боб Писли во сзоната 1973/74, кога двапати го победи тогашниот првак Лидс.

- Оглас -

Најнови вести