Ливерпул покажа дека не се откажува од трка за местата кои водат во Лигата на шампионите откако минимално со 1:0 го победи Сандерленд на гостински терен. Интересно е дека Сандерленд беше единствен тим сезонава кој немаше пораз пред своите навивачи во Премиер лигата, но Ливерпул го најде „лекот“ и со три бода си замина.
Вирџил ван Дајк го постигна едиснтвениот гол, победнички за Ливерпул. По мечот, тренерот на Црвените, Арне Слот, беше задоволен.
„Покажавме страшен карактер. Да дојдеш на овој стадион, каде што Сандерленд нема пораз дома цела сезона, и да си заминеш со трите бода е голем успех. Не одигравме перфектно, но во моментов најважни се резултатите и освоените бодови. Пред мечот им кажав на момците дека треба да се близу до совршенство за да победиме и ако сакаат да играме следната сезона во Лигата на шампионите. Ова беше важен чекор кон остварување на таа цел“, задоволно коментираше Слот по победата над Сандерленд.
Ливерпул уште е на шестото место на табелата, но сега има 42 бода, само два помалку од Челзи и три помалку од Манчестер јунајтед.

