-0.2 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Слот по деби голот на Вирц: „Ова е олеснување за него“

Ливерпул со минимални 2-1 славеше над Вулверхемптон во меч од Премиер лигата, а вториот гол беше дело на Флоријан Вирц, фудбалерот кој летоска беше платен 125 милиони евра, но на својот прв гол во дресот на „црвените“ чекаше дури до вчера.

„Целосно сигурен дека тоа беше олеснување и за него. Ја видов неговата реакција кога постигна гол, а истото важеше и за неговите соиграчи – тие навистина се радуваа за него. Во овој спорт, можеби со право, сите ние сме оценувани главно според резултатите, а поединечните играчи – според голови и асистенции. Но понекогаш забораваме што друго можат да му дадат на тимот за време на натпреварот. Мислам дека тој одигра многу добри натпревари за нас и исто така гледам како се подобрува со секој следен натпревар. Станува сè посилен физички, па затоа не е изненадување што успеа да се запише меѓу стрелците.“ – рече тренерот на Ливерпул, Арне Слот, по натпреварот против „волците“.

- Оглас -

Најнови вести