22.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Слот по поразот од Милан: „Имаше и добри работи, им дадов шанса на 20 фудбалери“

Шампионот на Англија, Ливерпул, загуби со 4-2 од Милан на пријателски меч во Хонг Конг. Сепак, и покрај поразот и четирите примени гола, Арне Слот, вели дека видел и позитивни работи, а причината за убедливиот пораз ја гледа во отсуството на седуммина стандардни фудбалери.

„Видов и позитивни работи, но сметам дека треба да се подобриме во одредени сегменти. Бевме премногу изложени на контранапади, но тоа се должи на фактот што дури седуммина од нашите главни играчи не настапија и сакав да им дадам шанса на минимум 20 фудбалери. Од таа причина дел од фудбалерите не играа на своите природни позиции. Сепак, успеавме да ја прикажеме нашата игра, но бевме премногу отворени за контранапади.“ – рече Слот.

„Црвени“ во среда ќе го одиграат и вториот меч на азиската турнеја, против Јокохама во Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести