Ливерпул ја започна ерата по Јирген Клоп, тренерот кој по седум години си замина од „Енфилд роуд“. На местото на Клоп дојде Арне Слот и во првиот меч од Премиер лигата стигна до победа и тоа на гости кај Ипсвич со 2:0. Диого Жота и Мохамед Салах беа стрелци на головите.
Со победата над Ипсвич, Слот стигна и до едно раритетно постигнување. Тој е првиот тренер на Ливерпул во 21 век, кој успеал да победи во првиот меч во Премиер лигата, откако е назначен за предвоник на тимот.
Пред Слот имаше дури петмина тренери на Ливерпул кои не успеаа да победат во дебито како предводници од клупата. Во август 2004 Рафаел Бенитес дебитираше со реми 1:1 на гости кај Тотенхем. Потоа следува Рој Хоџсон кој стартуваше со реми 1:1 против Арсенал во август 2010 година.
Во јануари 2011 година дебитираше Кени Далглиш и тоа со пораз од 2:1 против Блекпул. Брендон Роџерс во август 2012 година дебитираше со пораз од 3:0 на гости кај Брајтон. Последен во низата кој стартуваше без да победи е и Јирген Клоп кој во октомври 2015 година го предводеше Ливерпул до 0:0 на гости кај Тотенхем.
Сега Слот ја прекина оваа низа и е првиот тренер на Ливерпул во 21 век кој успеал да дебитира со победа.
🚨🔴 No Liverpool manager this century has won their first Premier League game in charge of the club. 😱 pic.twitter.com/XcQcitj4KA
— SimplyGoal (@SimplyGoal) August 16, 2024