Слот задоволен, но и внимателен: Премиер лигата крие уште многу предизвици

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази уверување дека неговиот тим целосно го контролирал натпреварот против Астон Вила и сосема заслужено стигнал до победа од 2-0 на „Енфилд“, со головите на Дарвин Нуњез и на Мохамед Салах. Со оваа победа Црвените ја зголемија предноста пред шампионот Манчестер сити на пет бода.

„Не беше лесно, како и во повеќето други натпревари. Можеби Астон Вила не играше толку агресивно како што очекувавме. Бевме трпеливи и внимателни, бидејќи Вила е многу опасен тим при статични ситуации“, изјави Слот.

„Во целина го контролиравме натпреварот и постигнавме два гола од контранапади. Веројатно тоа е мало изненадување. Имаме брзи играчи и се трудиме максимално да ги искористиме нивните квалитети. Салах има најдобри статистички податоци меѓу нашите офанзивци. Сите играат добро, но Мо се истакнува. Добро е што досега успеваме да се заштитиме од повреди. Ќе видиме каква е ситуацијата со Трент. Нѐ очекуваат тешки натпревари, разликите меѓу тимовите не се големи. Пред нас има многу предизвици“, истакна менаџерот на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести