Слот: Задоволни сме од бодот, лани Ливерпул двапати загуби од Арсенал

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, е задоволен од ремито 2-2 против Арсенал на „Емирати“ во деветтото коло од Премиер лигата. Овој резултат ги симна Црвените” од првото место, но Слот е задоволен имајќи предвид дека минатата сезона Ливерпул ги загуби двата дуела против Арсенал.

„Со оглед на тоа што двапати загубивме од толку силен тим како Арсенал минатата година, освоениот бод е задоволителен, особено затоа што имавме гостување во Лигата на шампионите оваа недела. Во исто време, не сметам дека заслуживме да загубиме бидејќи нашите навивачи силно нѐ поддржуваа, а игравме добро во второто полувреме“, изјави Слот.

Тој коментираше и за шансите на Ливерпул во трката за титулата.

„Знам дека сакате да зборувате за битката за титулата, тоа е дел од вашата работа“, рече Слот на прес-конференцијата по натпреварот.


„Дали е можно да го постигнеме посакуваниот резултат на толку тешки гостувања? Бев многу задоволен од тоа како одигравме. Добро е да видиме дека можеме да се носиме со силни тимови како Арсенал на нивниот стадион. Но, тешко е да се каже како ќе заврши сè затоа што сезоната е многу долга“, истакна менаџерот на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести