Селекцијата на Словачка е 11-тиот учесник на следното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија следната година. Словаците со 4-2 го победија Исланд и на тој начин си ја обезбедија втората позиција во групата и ѝ се придружија на Португалија на континенталниот собир.
Португалците вечерва имаа доста проблеми и многу потешко од очекуваното дојдоа до победата на гости против Лихтенштајн, со оглед на тоа дека домашните успеаја да се одбранат и да одат на паузата со 0-0. Сепак, во вториот дел Кристијано Роналдо и Жоао Канселао донесоа победа за задржување на максималниот ефект на Португалците.
До победа за останување во игра за пласман на европското првенство дојде и репрезентацијата на Црна Гора, која на домашен терен ја совлада Литванија со 2-0. Црногорците сега ќе чекаат пораз на Србија од Бугарија на домашен терен, но и ќе мора да победат на гости кај веќе пласираната Унгарија во последното коло за да дојдат до прв историски пласман на Европско првенство.
Резултати:
Црна Гора – Литванија 2-0
Лихтенштајн – Португалија 0-2
Луксембург – Босна и Херцеговина 4-1
Словачка – Исланд 4-2