Словачка и Сан Марино играа пријателски меч пред 452-ца гледачи

Фудбалските селекции на Словачка и Сан Марино одиграа пријателски меч кој Словаците очекувано лесно го добија, со резултат 4-0, а интересно за овој дуел е што од трибините го следеа точно 452-ца луѓе.

Не е грешка, 452-ца! Средбата се одигра во Винер Нојштад во Австрија, а иако словачката граница е блиску, кај Словаците немаше интерес да ги наполнат трибините и во поголем број да го бодрат својот национален тим.

Фаворитот по 10 минути водеше со 2-0, до полувреме беше 3-0, а на крајот победи со 4-0 и не успеа да го загрози рекордот од 7-0 што му е најубедлив триумф во историјата, извојуван исто така против Сан Марино, кој е најслаба репрезентација во Европа.

- Оглас -

Најнови вести