6742 Словачка – Исланд (20:45 ч.)
Меч по кој домаќините веруваат дека ќе прославуваат пласман на завршницата на ЕП 2024. Словачка е втора во групата со 16 бода, пет повеќе од Луксембург, кој има само теоретски шанси за пласман на континенталниот собир.
Словачка го победи Исланд на гости со 2:1 и сигурно сега нема да прокоцка „златна шанса“ за нова радост. Интересно е дека сите четири претходни средби на овие две селекции завршиле со погодоци во двете мрежи.
Предлог тип: 1&2-4 (2.80)
6744 Црна Гора – Литванија (20:45 ч.)
Црна Гора не смее да загуби и да го обезбеди третото место во групата. Пред два месеца во Каунас овие селекции одиграа возбудливи последни 20 минути кога беа постигнати четири гола, а на крајот беше 2:2.
Квалитетот е на страната на Црна Гора и овојпат тоа треба да биде потврдено на теренот.
Предлог тип: 1-1&3+ (3.20)
6740 Грузија – Шкотска (18 ч.)
Шкотска заедно со Шпанија веќе се квалификуваа за ЕП 2024 од оваа група, па последните две кола се формалност. Грузија може да се бори да дојде до третото место пред Норвешка и тоа ќе биде мотив за домаќините.
Оваа селекција кога играа на свој терен, секогаш е посебно мотивирана и опасна, па со оглед на тоа дека нема некое поголемо резултатско значење, може да се очекува отврена борба на теренот.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.15)
6741 Бугарија – Унгарија (18 ч.)
Бугарија е најслабата балканска селекција во овие квалификации само со два бода, па тешко дека ќе може да ѝ се спротистави на Унгарија, која е лидер во групата со 14 бода. Дополнителна предност за Унгарија ќе биде тоа што средбата ќе се игра пред празни трибини, што значи дека Бугарија нема да има поддршка од фановите.
На последните девет меча, Бугарија има шест порази и три нерешени, па тешко е да се очекува сега да изненади еден квалитетен ривал како Унгарија.
Предлог тип: 2&0-3 (2.21)
6731 Азербејџан – Шведска (18 ч.)
Убедливо со 5:0 Шведска го победи Азербејџан пред седум месеца, па сега би било чудо ако на крајот биде нешто друго освен „двојка“. Азербејџан дома во овие квалификации на трите меча одигра сиромашно со голови. Со по 0:1 загуби од Австрија и Белгија, а одигра 1:1 со Естонија. Според оваа традиција, сега не треба да има многу голови.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.65)