21.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Словачка ја стресе Германија, Белгија и Шпанија со лесни победи на гости (Видео)

Репрезентацијата на Словачка направи големо изненадување откако со 2:0 славеше над Германија, во меч од првото коло во квалификациите за пласман на Светско првенство во 2026 година.

Изненадувањето беше најавено со голот на Давид Ханко пред крајот на првото полувреме, кога Словачка поведе со 1:0. На почетокот на вториот дел, односно во 55 минута Давид Стрелец постигна прекрасен погодок за 2:0 и целосен шок за Германија. До крајот на мечот, Словачка ја задржа предноста и стигна до изненадувачка победа на стартото од овие квалификации.

До крајот на мечот, Словачка ја задржа предноста и стигна до изненадувачка победа на стартото од овие квалификации.

Победнички во оваа група стартуваше и Северна Ирска која со 3:1 победи на гости кај Луксембург.

Гостинските екипи доминираа, па лесни победи славеа Шпанија со 3:0 на гости кај Бугарија, како и Белгија на теренот во Лихтенштајн (триумф од 6:0). Единственото реми беше во Холандија каде Лалињата одиграа 1:1 против Полска.

- Оглас -

Најнови вести