Херта со пресврт дојде до победа од 3-1 во градското дерби против Унион Берлин. Гостите водеа по првото полувреме, дадоа гол за водство во 20-тата минута, но три минути подоцна останаа со играч помалку, па решија да ја бранат предноста.
Словакот Пекарик изедначи во 51-ва минута, а победникот го одлучи Полјакот Пјонтек со два гола во 74 и 77 минута. Пјонтек влезе во игра на почетокот на првото полувреме и беше џокерот кој им требаше на домашните.