Македонскиот првак Струга Трим Лум губи со 0-2 од Слован Братислава по првото полувреме од реванш-мечот на „Билјанини извори“ во Охрид, во воведното коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Нешто слично како и на првиот дуел во Братислава, словачкиот претставник го искористи невниманието во одбраната на стружани да стигне до убедливо водство.
Ако на ова се придодадат и оние 4-2 од првиот меч во Братислава, станува јасно дека пласманот на Струга ТЛ во следната рунда е речиси невозможна мисија.
Владимир Вајс јуниор во деветтата минута донесе предност за Слован Братислава на дуелот во Охрид. Тој беше проигран од Стрелец, успеа да мине неколку играчи во одбраната на Струга ТЛ и со прецизен удар го совлада Дујмовиќ.
Goal: Vladimír Weiss | Struga 0-1 ŠK Slovan Bratislavapic.twitter.com/CBQuKNmoTC
— PushGoals (@PushGoals) July 17, 2024
Струга ТЛ се обидуваше со удари од далечина, најчесто преку Бесарт Ибраими и Стефан Спировски, но тие сепак не беа прецизни.
Во 34-тата минута, Кире Ристевски по дуелот со Давид Стрелец во сопствениот шеснаесетник, во обид да расчисти, си постигна автогол.
Goal: Kire Ristevski | Struga 0-2 Slovan Bratislavapic.twitter.com/pU8C26LoJQ
— PushGoals (@PushGoals) July 17, 2024
Струга ТЛ имаше уште една шанса за погодок, но Сава Радич не беше прецизен.