Словенечкиот малер продолжи, Италија е европски првак во одбојка

Репрезентацијата на Италија ја совлада Словенија со 3-2 во сетови и по седми пат е европски првак во одбојка во машка конкуренција. Со тоа, Аѕурите ја потврдија нивната доминација годинава во европската одбојка, откако претходно и жените ја освоија континенталната титула.

Италијанците од 2005 година чекаа да се вратат на врвот и конечно успеаја по пресврт во вечерашното финале против Словенија. Словенците играа трето финале на последните четири европски првенства, но ги загубија сите три, иако вечерва водеа со 2-1 во сетови. Во петтиот сет Италијанците беа подобри со 15-11.

Бронзата ја освои Полска, која беше домаќин на завршницата.

- Оглас -

Најнови вести