Словенец прескокна 247 метри на Планица, но скокот заврши со тежок пад (Видео)

Словенецот Ернест Пришлиќ прескокна дури 247 метри на ски-скокалницата на Планица, но неговиот скок заврши со пад. Откако мина неколку секунди на снегот, тој успеа да стане и прво реагираше нервозно за лошата завршница на скокот, но откако стана свесен дека „леташе“ дури 247 метри, започна да си аплаудира самиот на себеси. Овој скок е само 6,5 метри пократок од светскиот рекорд на австриецот Штефан Крафт.

Членот на Б репрезентацијата на Словенија овој неверојатен скок го изведе на пробните скокови на Планица како подготовка за завршницата на Светскиот куп, кој ќе се одржи во словенечкиот ски-центар.

Пришлиќ во 2016 година беше две седмици во кома откако беше удрен од автомобил во непосредна близина на ски-скокалницата Планица.

- Оглас -

Најнови вести