Денешната последна етапа потврди дека Тадеј Погачар беше многу посилен од главниот конкурент Јонас Вингегард, па официјално дојде до четвртата титула на велосипедската трка Тур де Франс.
И пред етапата беше јасно дека 26-годишниот Словенец ќе биде на највисокото место на подиумот, но за разлика од порано, сега последната етапа не беше формалност и целосно рамничарска, туку имаше и голема нагорнина на Монмартр во Париз која ја минуваа неколку пати и Погачар беше одличен, но не успеа да ја освои етапата, таа му припадна на Вут Ван Арт кој е тимски колега на Вингегард. Плус тоа, врнеше дожд, беше влажно и постоеше опасност од пад.
Погачар задоцни 19 секунди зад денешниот победник, а Вингегард имаше заостанување од 2.28 минути.
Погачар стана најмладиот возач кој има четири титули на Тур, а рекордот е пет. Ленс Армстронг победуваше седум пати, но титулите му беа одземени затоа што подоцна се утврди дека користел допинг, па на чело на вечната листа се неколку легенди со по пет, на кои веќе вгодина може да им се придружи и Тадеј.
Тимот Емирати за кој вози Погачар, објави фотографија од неговиот велосипед Колнаго. Станува збор за специјална верзија, тежи само околу 7 килограми поради неговата ултралесна карбонска тркачка рамка, чија конструкција е многу цврста и лесна. Станува збор за еден од најскапите сериски велосипеди во светот. Тркачкиот велосипед на Погачар се проценува на вредност помеѓу 18 и 20 илјади евра, во зависност од изданието и дополнителната опрема, што го прави најскап во светот.