Словенецот што им даде гол на Србите го поздрави Вучиќ: Дури и тој знае колкава е мојата плата

Репрезентацијата на Словенија во понеделник ќе игра против Португалија во осминафиналето на Европското првенство. Селекцијата на Матјаж Кек заврши пред Србија, што го разлути српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој резултатот на Србија го нарече дебакл и изјави дека е проблем кога неговата земја е елиминирана пред Словенија, која има трипати поскромен буџет од Србија.

Освен тоа, Вучиќ го спомена словенечкиот десен бек Жан Карничник. За играчот на Целје рече дека игра за 5.000 евра, а сепак дава голови на ЕВРО 2024.

На денешната прес-конференција Карничник со насмевка ги коментираше изјавите на Вучиќ.

„Кружат снимки за тоа. Можам само да го поздравам. Верувам дека е малку разочаран. Очигледно и тој знае колкава е мојата плата, па немам што да додадам”, изјави Карничник.

Минатата сезона за Целје во 43 настапи постигна пет гола и забележа 12 асистенции. За Словенија има 32 настапи и два постигнати гола.

 

- Оглас -

Најнови вести