Словенецот си даде оставка, Кинезите не ги разбирале ски-скоковите

Словенецот Јуре Радељ веќе не е тренер на кинеската репрезентација во ски-скокови. Радељ искажа многу критики на сметка на Кинеската федерација во овој зимски спорт. Со него си замина и Финецот Јане Ветаинен, кој исто така ги учеше Кинезите.

Радељ во 2018 година почна да работи во Кина, а претходно соработуваше со ски-скокачите од Јужна Кореја, па се чинеше дека ги познава азиските прилики и клима. Напредокот на кинеските ски-скокачи бил никаков, па Словенецот си замина. За нов селектор е поставен Јани Клинга.

„За жал, не можев да ги реализирам моите замисли и да го изградам системот кој го планирав. Луѓето кои ја водат Федерацијата не го разбираат овој спорт и правилата на ски-скоковите. Немав слобода во работата, не ми дадоа шанса да поставам темели за систем кој добро ќе функционира во иднина. Да бидам директен, тие врска немаат за принципите на овој спорт, а во исто време ги одбиваа предлозите кои беа потребни за напредок. Затоа си заминав“, рече Радељ.

- Оглас -

Најнови вести