Пак играа домаќините на Европското првенство и повторно Словенија ја победи Македонија

Словенија вторпат по ред за краток период ја победи Македонија, вечерва во Скопје со 27:20, во тест-натпревари што послужија како проверка на формата за Европското првенство во ноември годинава, чии домаќини заедно со Црна Гора се токму нашата земја и Словенија.

Првиот меч во Целје го добија Словенките со 29:28, а вечерва беа многу поубедливи и славеа со 27:20.

По првото полувреме гостинките имаа предност од 13:11, но потоа направија серија со која стигнаа до предност од 8 гола, 23:15, и победникот веќе беше познат.

Покрај поразот, голем малер за Македонија беше и повредата на коленото на Андреа Јанкуловска, која мораше да го напушти теренот во средината на второто полувреме.

На турнирот на ЕХФ наречен недела на ракометот, Норвешка е прва со максимален ефект од четири победи, Словенија и Црна Гора имаат по две победи и по два порази, а Македонија е последна со биланс од 0-4.

- Оглас -

Најнови вести