-2.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Словенија го промовира новиот селектор

Боштјан Џезар и официјално е промовиран како нов селектор на фудбалската репрезентација на Словенија на денешната седница на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Словенија (НЗС).

Цезар е фудбалска легенда на Словенија. Тој е рекордер по бројот на настапи за репрезентацијата со 102 меча, а многу години беше и со капитенската лента. Со репрезентацијата играше и на Светското првенство во 2010 година, што беше втор настан на Словенија на еден планетарен собир.

Најголемиот дел од својата клупска кариера го помина во Италија со Киево, каде што имаше 247 официјални настапи за десет години и постигна девет гола. Играше и во Франција (Марсеј, Гренобл) и во Англија (Вест Бромвич Албион), а го носеше дресот и на Динамо Загреб.

По завршувањето на играчката кариера, тој имаше нов предизвик, а тоа е тренерската работа. Ја водеше репрезентацијата на Словенија до 19 години, а во јануари 2022 година се приклучи на стручниот штаб на репрезентацијата како прв асистент на Матјаж Кек. Тој беше дел и од националниот тим кога се квалификуваше на Европското првенство во 2024 година и го постигна најголемиот успех со пласманот во осминафиналето.

Во квалификациите за пласман на СП 2026 година Словенија одигра разочарувачки и во шесте меча не победи ниеднаш, а само со четири бода во група со Швајцарија, Косово и Шведска остана без шанса да игра на планетарниот собир.

- Оглас -

Најнови вести