3.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Словенија и Црна Гора одиграа меч за паметење со 81 гол, Исланд лесно со Италија

Репрезентациите на Словенија и Црна Гора одиграа меч кој долго ќе се памети, бидејќи беа постигнати неверојатни 81 гол. На крајот Словенците беа подобри со 41-40, а Црна Гора може да жали што не дојде барем до бод, со оглед дека имаше водство до самиот финиш.

Првиот дел мина во доминација на Словенија, но Црногорците пред паузата израмнија на 18-18, но сепак заминаа со негатива од еден гол на полувремето. Во второто полувреме двете екипи се менуваа во водство, но Словенија на крајот излезе поуспешна.

Новак и Макуц постигнаа по девет гола во победничкиот состав, додека кај Црногорците најефикасен беше Вујовиќ со 10 гола.

Исланд лесно и убедливо славеше над Италија со 39-26, откако на полувремето веќе имаше +9, 21-12. Кристјансон и Смарсон со по седум гола беа најефикасни, а исто толку постигна и Прантнер од Италија.

- Оглас -

Најнови вести