38.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Словенија има ракометно чудо од дете, на Норвежаните им даде 23 гола од 25 шута!

На Светското првенство за ракометари до 19 години кое се одржува во Египет се појави играч кој го предизвика вниманието и сигурно е дека му претстои светла иднина ако се развива во правилен правец.

Словенецот Аљуш Анжиќ има само 17 и пол години, а на СП за играчи до 19 години издоминира на денешниот меч против Норвешка, постигнувајќи дури 23 гола, и тоа од 25 шута кон противничкиот гол, што е неверојатна 92 отсто реализација. Средбата заврши 37-37, но ќе се памети по шоуто на Аљуш, кој е член на Пивоварна Лашко од Целје.

На првите три меча на ова СП заедно Анжич даде вкупно 16 гола, а ова денеска беше вистинска ракометна експлозија.

- Оглас -

Најнови вести