32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Словенија постави рекорд кој тешко дека некој ќе го повтори на европско или светско првенство

Репрезентацијата на Словенија во осминафиналето го заврши настапот на Европското првенство во Германија откако по голема драма и по изведување на пенали беше елиминирана од Португалија.

Цели 120 минути Словенците беа рамноправен ривал со големиот фаворит. Дури во 115-тата минута Словенците имаа стооостотна шанса за победа, но Шешко утна зицер. Претходно, во 105-тата минута Кристијано Роналдо не погоди пенал, но Португалците беа подобри во пенал-рулетот и славеа со 3:0.

Иако испадна, Словенија испиша историски момент на големите натпреварувања. Тоа е првата селекција во историјата не само на Европските туку и на Светските првенства која на еден ваков турнир имала четири нерешени резултати по ред и потоа била елиминирана.

Избраниците на селекторот Матјаж Кек прво одиграа 1:1 против Данска, па со Србија исто така завршија 1:1, а со Англија дуелот од групната фаза беше без голови (0:0). Во осминафиналето по 120 минути против Португалија немаше голови и тоа беше доволно за Словенија да испише историски резултат на ЕП или СП.

 

- Оглас -

Најнови вести