Ракометната репрезентација на Словенија со победа над Холандија од 37-34 остана во игра за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Германија. Словенците сега имаат четири бодови и теоретски може да се надеваат на пласман помеѓу најдобрите четири во Европа, но се ќе зависи од резултатите на останатите натпревари.
Холандија на натпреварот предност имаше само во почетната фаза од мечот, а тогаш Словенија го презеде водството кое успеваше да го сочува до крајот на дуелот. Словенците уште во првиот дел стигнаа до високи +7, за на паузата да заминат со водство од 19-13. Во вториот дел имаа и +8, 24-16, но Холандија со две серии од по 3-0, односно 6-1, се доближи на два разлика и најави неизвесна завршница на мечот.
Сепак, Словенија не дозволи изненадување и рутински го заврши натпреварот за значајна победа, ако не за полуфинале, тогаш за што е можно подобар пласман на континенталниот собир.