Репрезентацијата на Словенија е последниот полуфиналист на олимпискиот турнир во ракомет, откако со 33:28 ја победија Норвешка. Пред мечот, селекцијата на Норвеша ја имаше фаворитската улога, но на теренот Словенците покажаа дека не се плашат од никого и дека имаат квалитет да се борат за освојување на медал.
Беше 5:5, кога Словенците прв пат засилија во темпото и стигнаа до пристојни три гола предност (9:6), а до крајот на првиот дел разликата дојде и до четири гола. Во второто полувреме Норвешка се обидуваше да намали, но најмногу што стигна е до минус од два гола, но тогаш Словенците покаживаа и ментална сила и веднаш возвраќаа и разликата повторно достигнуваше солидни 4-5 гола предност.
На крајот Словенија сосема заслужено ќе игра во полуфиналето и тоа против Данска, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Германија и Шпанија.