Словенија беше убедливо подобра во реваншот со македонските ракометарки, победи со 38:27 и ќе игра на Мундијалот во Јапонија.
Првиот меч во Скопје го добија со 33:30, а вечерва во Целје Словенките беа поубедливи и славеа со двоцифрена разлика.
Уште по првото полувреме беше јасно која селекција ќе игра на СП, а домаќинките по 30 минути игра имаа позитива од 6 голови, 20:14.
Многу брзо во продолжението веќе беше и плус 10, 26:16 во 38-мата минута, па до крајот се играше ревијален меч.
Ливриниќ постигна 6 гола, а Ристовска и Саздовска погодија по петпати за нашата селекција.
Кај Словенките, Мавсар беше најефикасна со 7 погодоци.