8.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Словенците не се баш среќни што против Хрватска ќе им судат Босанци

Дуелот на Словенија и Хрватска може да отпише една од овие две селекции од трката за место во полуфиналето на Европското првенство во ракомет, значењето е големо и во двата тима се внимава на сите можни детали.

Тој што ќе биде подобар во „Малме арената“, ќе има добри шанси да стигне до полуфиналето и да се бори за медали. А, дури и тој што ќе победи, нема да биде сигурен полуфиналист. 

Словенија сè уште ја држи судбината во свои раце, но за да стигне до полуфиналето, веројатно ѝ се потребни две победи за помалку од 24 часа. Првиот дел од задачата на распоредот е денес, против Хрватска. Двете селекции досега имаат собрано по четири бода, како и Исланд и Шведска.

Во словенечките медиуми се осврнуваат и на изборот на ЕХФ на овој меч да судат Амар и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина, што според нив, е необично со оглед на напнатиот натпревар што се очекува. Тандемот Коњичанин имаше неколку контроверзни одлуки и на мечот Македонија – Португалија. 

Квотите во Sport Life велат дека Хрватите се фаворити, а реми не им одговара ни на едните ни на другите.

- Оглас -

Најнови вести