Словенија блескаво стартуваше на дебитантскиот настап на ЛОИ во Токио и по првите две кола има две убедливи победи. Прво беше совладана Аргентина со 118:100, а потоа Јапонија немаше шанси и загуби со 116:81.
Одличната кошгетерска серија на Словенците продолжи и на тренинзите. На последниот тренинг, Едо Муриќ шутираше со нога од едниот на другиот крај од игралиштето и успеа да погоди директно во кошот. Сите словенечки кошаркари со неверување го испратија овој супер кош на Муриќ, кој потоа испрати порака и до Кристијано Роналдо.
„Спиеш ли мирно Кристијано Роналдо“, напиша Муриќ на твитер-профилот, на кој се гледа неверојатниот кош.
https://twitter.com/i/status/1421041571235991557