Словенците се многу опасни, без проблем ја надиграа Хрватска

Првиот противник на Македонија на претстојното Европско првенство во ракомет, селекцијата на Словенија, вечерва во Целје во пријателски меч славеше над Хрватска со 33-26.

На две недели пред дуелот со Македонија во Дебрецин, Словенците и некомплетни покажаа дека се опасен тим, кој не случајно беше четврти на ЕП минатата година. Нападот на Словенија беше расположен во целиот меч, а во вторите 30 минути покажаа дека кога сакаат, знаат да играат и цврсто во одбрана.

Во двата тима фалеа ракометари кои настапуваат во германското првенство. На 5 јануари Словенија ќе има контрола против Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести