Словенците се острат за ракометното ЕП: Да ја победиме Македонија, па потоа ќе зборуваме

Словенците се првиот противник на Македонија на ракометното Европско првенство, дуелот со Дебрецин ќе се игра на 13 јануари, а како што нашите се подготвуваат во Маврово, така и Словенците се подготвуваат на чист воздух, во Зрече.

„Прва цел и задача ни е победа против Македонија, а потоа ќе зборуваме што и како понатаму. Очекувам уште од првиот меч да играме со голема енергија “, вели словенечкиот селектор Љубомир Врањеш, кој е Швеѓанец со српско потекло.

Дуелот во првото коло може да биде и клучен бидејќи од четирите тима во групата, првите два одат понатаму, а освен Македонија и Словенија, тука се и Данска и Црна Гора.

Словенците на претходното ЕП беа четврти, на тимот на селекторот Кирил Лазаров воопшто нема да му биде лесно. Во нивниот состав има ѕвезди кои настапуваат за врвни клубови како Барселона, Веспрем, Кил, како и играчи кои освојувале Лига на шампиони, а во моментов не се во топ европски клубови.

Нашиот прв противник во подготвителниот период ќе одигра три контролни средби, првата утре во Целје против Хрватска, а следната недела двапати ќе играат со Италија.

- Оглас -

Најнови вести