29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Случајна симболика – На 9. мај капитулираа, сега ќе ја поведат фудбалска Европа во победнички поход

Бундеслигата ќе почне прва со продолжение на шампионатот во петте најзначајни фудбалски лиги во Европа, а веројатно првата рунда по епидемијата со Коронавирус ќе се одигра на 9. мај на датумот што се слави како Ден на Европа, одосно како победа над фашизмот.

Ова е само симболично поклопување на датумите, но најзначајно е фудбал да почне да се игра. Најавено е дека училиштата во Германија ќе почнат да функционираат на 27. април, а тоа би можело да биде добар знак за нормализирање на ситуацијата со Ковид-19 и за продолжување и на фудбалската сезона.

Денеска Премиерите на Баварија, Маркус Содер, потоа и на Рајна Вестфалија Армин Лашет и претседателот на германската фудбалска лига (ДФЛ) Кристијан Сајферт заклучија дека првенството може да продолжи на 9. мај.

„Ќе го наречеме коло на духови, бидејќи ќе биде без публика, но можно е да се игра на 9.мај. Викенд со фудбал, макар и пред празни трибини е поподнослив, отколку без него“, изјави Содер.

Сепак за да биде конечна одлуката за датумот зелено светло треба да даде Институтот за здравство Роберт Кох, но и Канцеларката Ангела Меркел. Клучен ќе биде нејзиниот состанок со министрите на сите сојузни покраини на 30. април, кога ќе се знае точно кога ќе продолжи и сезоната во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести