Случајно или не, Мбапе му се приклучи на ПСЖ веднаш штом дозна дека Нејмар си оди!

Заминувањето на Нејмар од Пари Сен Жермен ја отвори вратата за останување на Килијан Мбапе во клубот барем уште една сезона.

Проблемот помеѓу двете ѕвезди почна лани, кога Мбапе побара Нејмар да биде продаден, а потоа на еден меч Бразилецот не му дозволи на Французинот да шутне пенал и лајкуваше објава на социјалните мрежи на која пишуваше дека Нејмар треба да ги шутира пеналите за ПСЖ.

Мбапе е под договор со Светците до следното лето и како што стојат работите, ќе игра за нив и во претстојната сезона и можно е да го продолжи договорот, со ветување дека ќе биде продаден следната година ако побара трансфер.

Мбапе вчера почна да тренира со тимот, а случајно или не, тоа се случи кога ПСЖ реши да го продаде Нејмар во Ал-Хилал. Бразилецот стави „лајк“ и на една објава на „Инстаграм“ на која се тврди токму ова, со што потврдува дека проблемот на Мбапе бил со Нејмар и дека всушност Мбапе не сакал да игра за ПСЖ додека таму е Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести