18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Слукас со луда тројка во последна секунда го згасна истанбулскиот вулкан (Видео)

Костас Слукас беше еден од милениците на навивачите на Фенербахче во сезоната кога истанбулските Канаринци станаа европски шампиони, а вечерва Гркот му донесе вредна победа на Олимпијакос против Фенер од 72-71, и тоа со тројка во последна секунда.

Олимпијакос има 2-1 во победи, а следниот меч пак се игра во Истанбул, но мајсторката би била во Пиреја и затоа оваа тројка е злато вредна.

На 3,8 секунди до крајот, Марко Гудуриќ даде кош за водство на Фенербахче од 71-69, домашните се радуваа бидејќи беа на прагот на победа, но тројката на Слукас ги смрзна.

https://twitter.com/i/status/1653847439881932800

- Оглас -

Најнови вести