Слушна дека Ливерпул го посакува па сам си кажа: Имам голема желба да играм за тој тим

Жоао Гомес е еден од поинтересните играчи за европските клубови, а тој во моментов игра за бразилскиот Фламенго.

Дваесет и едногодишниот играч од средината на теренот игра одлично во оваа сезона и со своите игри го привлече вниманието на неколку големи европски клубови, а меѓу нив е и Ливерпул. Штом фудбалерот слушна дека има интерес од „Енфилд роуд“, тој сам си даде изјава.

„Имам голема желба да играм за тој тим, Ливерпул е тим за којшто би прифатил да играм. Сакам да играм во Лигата на шампионите“, изјави Гомес за бразилските медиуми.

Овој фудбалер со првиот тим на Фламенго е од 2020 година, а има 37 настапи, како и еден постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести